ХААРП ИЛИ СОЛАРНА БУРА?

Деновиве бевме известени дека Земјата ќе биде погодена од многу силна соларна бура, каква што досега не се памти.

На линкот подолу ќе прочитате дека невообичаено силната соларна бура што ја погоди Земјата (на 10 мај, 2024 година) би можела да предизвика северна светлина (аурора бореалис) во САД и во други места низ светот овој викенд и да ги наруши електричните и комуникациските мрежи, објави американската Национална управа за океани и атмосфера (НОАА).

https://24info.mk/2024/05/11/%D1%81%D0%B8%D0%BB%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%80%D0%BD%D0%B0-%D0%B1%D1%83%D1%80%D0%B0-%D1%98%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8-%D0%B7%D0%B5%D0%BC%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BC/

Но дали можеби станува збор за нешто друго?

Еве информација дека една недела претходно, Геофизичкиот Институт при Универзитетот во Фербанкс, Алјаска објави дека е планирано тестирање на ХААРП системот токму на истиот тој ден, 10 мај, 2024 година.

ХААРП е кратенка од High-frequency Active Auroral Research Program (HAARP) и е предавател со висока моќност и висока фреквенција (HF) за проучување на јоносферата.  Главниот инструмент е фазна низа од 180 HF вкрстени диполни антени, способни да зрачат 3,6 мегавати во горната атмосфера и јоносферата. Фреквенциите на пренос се избираат во опсег од 2,7 до 10 MHz.

Истражувачкиот тим креираше постер на кој најави дека ќе спроведува тестови од 8-ми до 10-ти мај 2024 година.

https://haarp.gi.alaska.edu/may-space-weather-faq

За делувањето на ХААРП системот јавно може да се прочита дека е создаден пред нешто повеќе од триесет години (1993). Армијата на САД го започна проектот HAARP во областа Гакон на Алјаска за „да ги разбере, стимулира и контролира јоносферските процеси кои можат да ги променат перформансите на комуникациските и системите за надзор“ и заради проучување на поларната светлина - Аурора бореалис!

Во јавноста, проектот HAARP е опишан како „чисто истражувачки објект кој не претставува потенцијална опасност за американските противници и нема вредност како воена цел“. Но, документите кои се појавија откриваат „малку“ поинаква приказна, па сѐ помалку се оние, кои веруваат во официјалните соопштенија.

Имено, системот HAARP ја зрачи јоносферата со висока фреквентна струја од три гигавати ефективна моќност, што воопшто не е наивно!

HAARP е составен од низа радио предаватели со огромна моќ. Распространети на површина од неколку хектари, овие моќни предаватели континуирано пренесуваат над 3.000.000 вати секој ден. Тоа е 100 пати помоќен предавател од оние што ги користат, на пример, предавателите на BBC во Европа. Сепак, пулсната енергија што ја емитува HAARP може да биде десетици илјади пати посилна.

Сигналот од објектот во Алјаска е откриен во горните слоеви на атмосферата на надморска височина помеѓу 100 и 350 километри, каде потоа бил апсорбиран од јоносферата. Ова е причина и за малото затоплување на областите на голема надморска височина, кои се протегаат на десетици километри. Всушност, може да се каже дека HAARP е огромен и прилично скап грејач за надворешна употреба. Но, затоплувањето на јоносферата на северните географски широчини има многу чуден ефект.

HAARP е широко поврзан со влијанието за вештачко креирање на различни временски услови, катастрофи, односно, обвинет е за влијание врз климата. 

„Теоретичарите на заговор“  (ги ставаме во наводници, бидејќи сѐ што не се сложува со официјално објавениот наратив преку медиумите е прогласено за лага) веруваат дека е создаден за да влијае на климата, за создавање природни катастрофи, па дури и земјотреси. Тие исто така веруваат дека HAARP влијае на магнетните бранови и на тој начин директно влијае на нашето тело, особено на срцето и мозокот.

https://n1info.rs/magazin/scitech/sta-je-haarp-uticaj-na-vreme-i-ljude/

Нека овој текст нѐ поттикне на критичко размислување, бидејќи колку тоа да се негира, сепак никој не може да го порекне фактот дека живееме во време кога сѐ е сменето; климата, моралните вредности, сменети се луѓето, и тоа на полошо. Доброто се смета за лошо, а лошото за добро...

Како да се заштитиме?

Научниците, политичарите и бројните лажни душегрижници од овој свет ќе ви понудат секакви решенија, но биете уверени - чистата Вистина, онаа апсолутната, ќе ја најдете единстено во Светото Писмо.

Господ Исус Христос, а и пророците пред Него одама најавија дека ќе дојде ваков период за човештвото. Но Бог Кој го знае крајот уште од самиот почеток и ги најавува работите кои уште не се збиднале, овие работи нѝ ги претскажа не за да се плашиме, туку за да се подговиме и да најдеме засолниште единствено во Него!

Знаците на Исусовото доаѓање за да ја грабне Својата Невеста, по што ќе започне периодот на најголемите седум-годишни неволји, се насекаде околу нас.

Ние кои сме будни, должни сме да ги предупредуваме останатите околу нас, а и самите треба да сме подготвени за средба со Господ Исус на облаците, во секое време.

А додека да дојде, да бидеме облечени со моќното духовно оружје, за кое може да прочитаме во Ефесјаните 6 глава (стихови од 10-18) и да ги објавуваме Божјите скапоцени ветувања од Светото Писмо, со кои духовно војуваме и секогаш победуваме!

https://www.bible.com/bible/311/EPH.6.MKB

„Внимавајте, бдејте! Зашто не знаете, кога ќе биде времето!“ - Марко 13:33

„Спомнете си за минатото: Јас Сум Бог, и нема друг Бог, никој не Ми е сличен! Оној Сум, Кој од почетокот го открива свршетокот и јавува однапред за она што уште не се збиднало! Јас велам: ‘Мојата одлука ќе се исполни, ќе извршам сè што Ми е по волја.“ - Исаија 46:9-10

„Ете, Бог е мое спасение, се надевам, не се бојам веќе, зашто Господ е моја сила и песна, Тој е мој избавител.” - Исаија 12:2

„Но, да Му благодариме на Бога, Кој секогаш нè води во Неговата победа во Христа, и на секое место, преку нас, го шири мирисот на Своето познавање.“ - 2 Коринтјаните 2:14

Не ќе успее оружјето исковано против тебе. Ќе докажеш дека е зол секој јазик што ќе се подигне против тебе на суд. Тоа е наследство на Господовите слуги, тоа им е победа од Мене” - слово е Господово.“ - Исаија 54:17







Comments

Popular posts from this blog

ДА ЗНАЕШ ДА ПРАВИШ ДОБРО – А ДА НЕ ГО ПРАВИШ, Е ЗЛО!