ТРИ ЗНАЦИ ОД КНИГАТА НА ПРОРОКОТ ДАНИЕЛ КОИ ГО ОЗНАЧУВААТ КРАЈОТ НА СВЕТОТ!
(Забелешка: Следниов текст е извадок од поглавјето на д-р Натан Џонс во книгата „На пат кон неволјатите и доаѓањето на Исус Христос што може да се случи во било кој момент“)
Јас го чув тоа но не го разбрав, па затоа прашав: „Господаре мој, како ќе заврши сето тоа?“ – Даниел 12:8
Пророкот Даниел внимателно го слушал ангелот Гавриел како објавува низа неверојатни пораки. Бог го откривал подемот и падот на големите империи, што на крајот ќе доведе до глобална империја предводена од деспотот, кого апостолот Јован подоцна ќе го нарече Антихрист, и кој што ќе доживее неизбежна пропаст по Божја интервенција.
Секако, сите овие големи империи биле сè уште толку далеку во иднината, од перспектива на Даниел, што тој очигледно бил доста збунет од она што го слушал. Триејќи го челото од збунетост, Даниел го замолил моќниот Божји гласник да му даде малку појаснување. На негово разочарување, ангелот решително го одбил. Тој му објаснил дека Даниел никогаш не ќе може вистински да ги разбере сите овие пророштва, бидејќи премногу настани требало да се случат пред тие да се исполнат и, според тоа, правилно да се разберат.
За среќа, Гавриел додал дека ќе има три главни знаци што ќе го означат „времето на крајот“ во кое ќе кулминира финалето во оваа серија настани. Изворниот текст за овие знаци го наоѓаме во Даниел 12:4 . „А ти, Даниеле, сокри ги овие зборо¬ви и запечати ја оваа книга до последното време; мнозина ќе талкаат овде-онде, обидувајќи се да разберат што се случува.“ Тој уште додал дека само оние што живеат во последните времиња и кои се „мудри“ (што значи духовно проникливи) конечно ќе ги разберат овие пророштва. Тие ќе препознаат дека експоненцијалното зголемување на знаењето, патувањето и разбирањето на пророштвата ќе го најават крајот на овие царства контролирани од човекот со второто доаѓање на Месијата, воспоставувајќи го Неговото земно илјадагодишно владеење (Даниел 12:3-10).
1) Зголемување на знаењето
>>>
Да го истражиме првиот знак - големо зголемување на знаењето.
Освен ако не сте мало дете кое си игра со Андроидот на својата мајка, сте живееле доволно долго за да сфатите дека начинот на кој добиваме информации се променил многу – ама навистина многу - во последните неколку децении. Може дури и да не зборуваме за децении, туку за години. Детето што денес достигнува зрелост може, со леснотија да се осврне на почетокот на 2000-тите кога немаше Википедија, немаше Gmail, немаше социјални медиуми како Facebook и Twitter (сега наречен X), немаше Cloud Computing, немаше таблети, немаше паметни телефони и секако немаше брза интернет конекција. Се сеќавате на звукот што го испушташе модемот кога се поврзуваше со World Wide Web? Поставете му го тоа прашање на десетгодишно дете денес и тоа нема да има престава за што му зборувате. Дури ни Боб Дилан не можеше да замисли колку многу ќе се менуваат работите кога во „каменото доба“ од 1963 година ја пееше песната „Времето што се менува“.
Сепак, „времето што се менуваше“ не беше секогаш такво. Во текот на илјадници години од човечката историја, животот си остануваше речиси ист. Секако, на секои 300 години се создаваше некоја иновација што ќе го револуционизираше светот, поместувајќи го човештвото, да речеме, од бронзеното доба во железното доба. Но, во најголем дел, ограничувањата во патувањето ги оставија повеќето пронајдоци затворени во мал агол од светот. Но, потоа, конечно пристигна 1454 година од н.е., и германскиот златар Јоханес Гутенберг ја издаде првата мобилна, повеќекратно употреблива машина за печатење (како антички фотокопир). Конечно, зборовите на знаење можеа масовно да се копираат на хартија и да се дистрибуираат насекаде. Ерата на печатените книги го револуционизираше светот, а Гутенберг започна со изворот на целото знаење - Библијата.
Дали бевте изненадени кога од часовите по историја дознавте дека најголемиот напредок што го промени светот е постигнат само во последните 150 години? И, како што се приближувавме кон нашето време, како секое откритие се случуваше сè побрзо и побрзо? Ова сè побрзо забрзување на учењето се нарекува „Експоненцијална крива“. Нашето знаење доживува експоненцијален раст како што еден пробив во знаењето се надоградува врз друг со сè побрзо и побрзо темпо.
Кое би рекле дека е најважното откритие што ни помогна да го олесниме доаѓањето на оваа масовна експлозија во растот на знаењето? Ако одговорите „компјутерот“, тогаш би биле во право.
Кога станува збор за експоненцијалната крива на компјутерите, старата шега е: „Како знаете кога вашиот компјутер е веќе застарен?“ Одговорот е: „Кога ќе го извадите од кутијата“. Иако е шега, тоа не е далеку од вистината, бидејќи компјутерските компании ги дуплираат брзините на обработка на компјутерите на секои 18 месеци. Познат како Муров закон (по коосновачот на Интел, Гордон Мур), ова е само една манифестација на поголемиот тренд во тоа како сите промени се случуваат со експоненцијална брзина. Во 2023 година, квантните компјутери почнаа да обработуваат со брзина еквивалентна на човечкиот мозок. До 2045 година, за само четврт век, Муровиот закон предвидува дека ќе поседуваме компјутери со пресметковна способност еквивалентна на целата човечка раса!
Не само што експоненцијалната крива во сите области на компјутерската технологија го зголеми нашето знаење на неверојатни нивоа, туку компјутерите помогнаа во сите големи научни откритија на нашето време. Веќе не треба да натрупуваме толку многу факти во нашите мозоци, бидејќи можноста за лесно складирање и пристап до податоци значи дека можеме да продолжиме да учиме како никогаш порано во човечката историја.
Експоненцијалната крива не е ограничена само на компјутерите. Другите достигнувања во биомедицината, вселенската наука, хемиското инженерство, човечкото инженерство и сите други науки се искачуваат побрзо и пострмно по своите експоненцијални криви со секој изминат ден.
Се очекува дека во следните пет години, светската технологија ќе биде 32 пати понапредна отколку што е денес. Исто така, се проценува дека 65% од денешните деца во градинка, откако конечно ќе дипломираат на колеџ, на крајот ќе работат на сосема нови работни места кои во овој момент сè уште не постојат.
Земете предвид дека само пред сто години, информациите што повеќето луѓе ги учеле во текот на целиот свој живот биле еднакви на содржината на едно неделно издание на „Њујорк тајмс“. Нашата способност денес практично да консумираме иста количина информации дневно покажува колку многу се зголемило знаењето на човештвото за многу кратко време.
Според тоа, денешниот експоненцијален пораст на знаењето укажува на фактот дека живееме во пророкуваните последни времиња и дека Исус Христос доаѓа наскоро.
2) Зголемување на патувањето / транспортот
>>>
Забележете во истото тоа пророштво, ангелот му рекол на Даниел дека, покрај големото зголемување на знаењето, „мнозина ќе талкаат (патуваат) овде-онде“ (Даниел 12:4). Ова огромно зголемување на патувањата ќе се случи во истиот контекст, а тоа се последните времиња. Бог открил дека откако луѓето ќе почнат почесто да патуваат „овде-онде“, односно подалеку и побрзо, тоа ќе значи дека конечно настапиле тие последни години пред Христос да се врати за да го воспостави Своето Илјадагодишно Царство.
Застанете и помислете како патувале луѓето пред само еден век. Повеќето патишта сè уште не биле ни асфалтирани и луѓето се движеле по нив со кочии, влечени од коњи. Погледнете го на YouTube видеото од Сан Франциско снимено во 1906 година и ќе видите многу повеќе коњи отколку кочии. Луѓето ретко, дури може да се рече и воопшто не ги напуштале своите родни места. Потоа се започнало со припитомувањето на животните и раните почетоци на пристојни патишта, потоа се измислиле велосипедите, па балоните, чамците и едноставните автомобили, кои не биле широко прифатени.
Од почетокот на дваесеттиот век, човештвото продолжи да измислува авиони и млазни авиони, па дури и ја напуштивме Земјината атмосфера со ракети и вселенски шатлови. Порано им требаа месеци на луѓето да патуваат во странство со брод, но сега ја патуваме истата таа далечина во странство за само неколку часа. Во денешниот свет, луѓето се постојано во движење, исто како што ангелот му прорече на пророкот Даниел.
Според тоа, денешното експоненцијално зголемување на патувањата укажува на фактот дека Исус Христос наскоро ќе се врати.
3) Зголемување на разбирањето на пророштвата
>>>
Дали знаевте дека библиските пророштва сочинуваат неверојатни 31% од Библијата? Божјиот целокупен план за вековите изгледа како сложувалка од 100 делови, а досега Тој обезбедил само 75 делови. Човек може да ги види контурите на сликата, но сè додека не се случат одредени настани, кои означуваат додавање на уште едно ново парче во сложувалката, сликата останува нецелосна.
Сепак, 75-те дела што ги имаме сега се многу побројни од она што Даниел некогаш го имал. Како што Исус им објаснил на своите ученици: „зашто вистина ви велам: многу пророци и праведници сакаа да видат што гледате вие, и не видоа, и да чујат што слушате вие, и не чуја. “ (Матеј 13:17). Дури и тогаш, апостолите не разбрале многу од Христовите учења сè до Неговото воскресение, кога Тој отворено ги објаснил, а потоа Го испрати и Светиот Дух на Педесетница за да нѝ обезбеди дополнително просветлување. Дури и тогаш, апостолите го очекувале претстојното враќање на Христос, и не нѝ помислиле дека ќе мора да почекаме уште 2000 години.
Денес, различните знаци за ова последно време во кое живееме, поврзани со природата, општеството, светската политика, технологијата, Израел и духовните знаци доаѓаат кон нас со толку фантастична брзина, што учителите на библиските пророштва, како што е д-р Рон Роудс, почнаа да го нарекуваат феноменот „Конвергенција“. Толку многу знаци за крајот на времето што се конвергираат одеднаш значително го подобрија нашето разбирање на библиските пророштва за крајот на времето, токму како што претскажал Гавриел.
Според тоа, денешниот експоненцијален пораст во разбирањето на Божјата пророчка Реч укажува на фактот дека Исус Христос наскоро ќе се врати.
Препознајте ги времињата
Овие три главни знаци, заедно со стотиците други дадени во Библијата, кои се исполнуваат во наше време, го откриваат фактот дека Господ навистина може да се врати во секој момент. Гледајќи низ филтерот на Библијата на сите чудесни, но страшни настани што се одвиваат пред нас, треба јасно да ги разбереме времињата во кои живееме. Како резултат на тоа, утешени сме, знаејќи дека Бог сè има под контрола, дека Тој има голем план и дека Неговите деца играат витална улога во тој план. Христијаните се повикани да му служат на Бога во овие мрачни времиња со сите наши уникатни надарености, ресурси и искуство.
За оние од вас кои сè уште не Го прифатиле Исус Христос како свој Спасител, но сега препознаваат дека живееме во последните времиња, сфаќањето треба да делува како будилник што ќе ве разбуди во поглед на фактот дека на светот не му останува многу време. Сите ние живееме со позајмено време. Затоа, прифатете го фактот дека „Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот.“ (Јован 3:16).





Comments
Post a Comment