ТРИ ЗНАЦИ ОД КНИГАТА НА ПРОРОКОТ ДАНИЕЛ КОИ ГО ОЗНАЧУВААТ КРАЈОТ НА СВЕТОТ!
(Забелешка: Следниов текст е извадок од поглавјето на д-р Натан Џонс во книгата „На пат кон неволјатите и доаѓањето на Исус Христос што може да се случи во било кој момент“) Јас го чув тоа но не го разбрав, па затоа прашав: „Господаре мој, како ќе заврши сето тоа?“ – Даниел 12:8 Пророкот Даниел внимателно го слушал ангелот Гавриел како објавува низа неверојатни пораки. Бог го откривал подемот и падот на големите империи, што на крајот ќе доведе до глобална империја предводена од деспотот, кого апостолот Јован подоцна ќе го нарече Антихрист, и кој што ќе доживее неизбежна пропаст по Божја интервенција. Секако, сите овие големи империи биле сè уште толку далеку во иднината, од перспектива на Даниел, што тој очигледно бил доста збунет од она што го слушал. Триејќи го челото од збунетост, Даниел го замолил моќниот Божји гласник да му даде малку појаснување. На негово разочарување, ангелот решително го одбил. Тој му објаснил дека Даниел никогаш не ќе може вистински да ги разбере сите о...